речник контакт

Борец – Миравци 0:1, жените победија против Топ гол

Машката екипа во слаба игра разочара, жените на врвот од табелата

Петар Печков

Во дербито на колото  на Втората лига Борец на домашен терен загуби од Миравци со 0:1 (0:1).Тоа беше слаб натпревар во кој велешани настапија со комбиниран подмладен состав, кој и не се закани по голот на гостите.

Тие од пенал во 39-тата минута го постигнаа единствениот гол. Така публиката разочарана си замина а очигледно дека ниту помошниот терен не значи ништо, оти велешани иако имаа можност да играат на Градски, натпреварите ги играат на ова игралиште, кое го сметаат за талично. По ова петто коло Борец е петти со девет бодови. 

Истовремено на  Градски играа фудбалерките на Борец кои го торпедираа Топ гол од Битола со високи 5:0 и со победата од првото коло над Единство од 5:2, сега се на врвот од табелата по две кола.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »